„Кој е следен“ најави собир во Скопје по повод шест месеци од трагедијата во Кочани

„Кој е следен“ најави собир во Скопје по повод шест месеци од трагедијата во Кочани
Фотографија на Ванчо Џамбаски

„Кој е следен“ најави собир во Скопје по повод шест месеци од трагедијата на плоштадот во Скопје, со цел да се оддаде почит на загинатите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во вторник 16 март се навршуваат шест месеци од трагедијата, а собирот е закажан за во 20:16 минути.

„Не беше несреќа, не беше трагедија, беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Вторник, 16 септември, 20:16 минути, младите повикаа на тивок собир и ѕвездено небо. Вака веќе не може. Не смееме да отрпнеме. Болката мора да ја почувствуваме сите заедно. Таа болка треба да нѐ разбесни и поттикне на акција. Најважно е да не престанеме да се бориме за вистината, да не останеме мени пред неправдата, да преземеме одговронсот, секој на свој начин“, се наведува во најавата на социјалните мрежи.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ загинаа 62 главно млади лица, а над 200 беа повредени, што е една од најголемите трагедии во независна Македонија

Опоравувањето на најтешко повредените се уште трае.

Родителите, роднините и граѓани секоја сабота во Кочани организираат „Марш на ангелите“ барајќи правда и одговорност, а иако Обвинителството отвори предмет до денес, се уште не е почнат никаков судски процес.

Зачлени се на нашиот е-билтен