„Кој е следен“ за обвинувањата од Кулакова: Причината за нашите протести е нефункционалниот систем

„Кој е следен“ за обвинувањата од Кулакова: Несреќата на Фросина нѐ обедини, но причината е нефункционалниот систем

Борјан Ефтимов, претставник на граѓанската иницијатива „Кој е следен“, одговори на обвинувањата на Росица Кулакова, сестрата на трагично загинатата Фросина Кулакова. Откако Росица јавно ја критикуваше иницијативата, обвинувајќи ја дека не се води од вистината и правдата, таа праша: „Која трагедија ќе биде следна на менито на вашите интереси?“

Ефтимов изјави дека иницијативата го почитува правото на секој граѓанин да го изрази своето мислење, дури и кога не се согласуваат.

„Го имаме видено статусот. Сметаме дека секој граѓанин има право да го искаже своето мислење, без разлика дали се согласуваме или не. Ние секогаш ќе стоиме на браникот на слободата на говорот. Во однос на обвинувањата дека сакаме да злоупотребиме нечија смрт – точно е дека иницијативата настана по трагичната несреќа на Партизанска, каде загина Фросина Кулакова. Тоа беше поводот што нѐ обедини како граѓани, но причината е нефункционалниот систем кој нѐ гуши и убива. Ќе се бориме за секој граѓанин, за нас самите, за идните генерации, вклучувајќи ги и оние кои не се согласуваат со нас“, изјави Ефтимов.

Од друга страна, Росица Кулакова смета дека организаторите на „Кој е следен“ ја злоупотребиле довербата што семејството им ја дало. Таа нагласи дека на собирите присуствувал чесен народ, но нејзините критики се насочени исклучиво кон организаторите.

Зачлени се на нашиот е-билтен