Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Кој има најмоќен пасош во светот, а не е САД

Македонскиот пасош се наоѓа на 40-то место според индексот на најмоќни патни исправи во светот за 2025 година, објавен од британската консултантска компанија Хенли & Партнерс. Со него, македонските граѓани можат да патуваат без визи во 129 земји.

Ова рангирање, базирано на податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА), го мери бројот на земји што може да се посетат без виза. Северна Македонија го дели 40-то место со Црна Гора и Маршалските Острови.

Во регионот, највисоко рангирани се Грција (6-то место), Словенија (10-то), Хрватска (11-то) и Бугарија (15-то). Србија е на 34-то место, додека пасошите на Албанија, Босна и Херцеговина и Косово се на 43-то, 44-то и 63-то место соодветно.

На врвот на листата е Сингапур, чиј пасош овозможува патување без визи во 195 земји. По него следуваат:

Јапонија: 193 земји

Финска, Франција, Германија, Италија, Јужна Кореја, Шпанија: 192 земји

Австрија, Данска, Ирска, Луксембург, Холандија, Норвешка, Шведска: 191 земја

Белгија, Нов Зеланд, Португалија, Швајцарија, Велика Британија: 190 земји

Американскиот пасош е на 9-то место со 186 земји, а 10-тото место го делат Словенија, Летонија, Литванија и ОАЕ.

На дното на листата се Ирак (31 земја), Сирија (27) и Авганистан (26 земји), кои имаат најмалку можности за патување без визи.

Зачлени се на нашиот е-билтен