Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Колку чини станбен кредит од 100.000 евра во регионот, а колку во Македонија

Во Македонија цените на станбените кредити варираат од банка до банка, но сепак ако се земе некој просек за кредит со висина од 100.000 евра со каматна стапка од 3.45 проценти и рок на отплата од 30 години, кредитобарателот на крајот ќе треба да врати 160.560 евра. Оваа сума би се намалила во зависност од висината на учеството.

Во Србија, станбениот кредит од 100.000 евра, според најновите услови, ќе има месечна рата која ќе варира во зависност од банката и видот на каматната стапка, најповолна понуда нуди учество од 20.000 евра, со променлива ефективна камата од 4,27% и на крајот на период од 20 години, заемникот ќе плати вкупно 162.539 евра. Најнеповолни понуди се со камата од 7,36%, што значи дека на крајот ќе се плати дури 201.093 евра.

Во регионот, најповолни услови имаат Словенците, кои, иако имаат највисоки цени на квадрат во Љубљани (над 4.000 евра), имаат и највисоки плати (повеќе од 1.500 евра месечно). За кредит од 100.000 евра, месечната рата е 570 евра со фиксна камата од 3,52%, што ќе значи вкупна отштета од 138.620 евра по 20 години.

Во Хрватска, кредитот има ефективна фиксна камата од 4,16%, а ратата изнесува 610 евра, што ќе резултира со вкупно плаќање од 146.450 евра. Цената на квадратот во Загреб е 3.310 евра, а просечната плата е 1.315 евра.

Најскапи кредити се нудат во Црна Гора, каде што ефективната камата изнесува 8,78%, а ратата на месечно ниво е 856 евра, што на крајот ќе резултира со вкупно отштета од 205.390 евра. Цена на квадратот е околу 2.000 евра, а просечната плата е 840 евра.

Зачлени се на нашиот е-билтен