Денеска во хотел Парк Резиденс ќе се одржи конференцијата на ЦИВИЛ „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“..
Конференцијата, којашто ќе започне во 12 часот, ќе ја отвори претседателот на државата, Стево Пендаровски, а клучни говорници ќе бидат првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, националниот координатор за мултикултурализам, Роберт Алаѓозовски, пратеничката Санела Шкријељ, почесниот конзул на Големото Војводство Луксембург, Петар Арсовски.
Со свои говори ќе се претстават и четири градоначалници, како Билал Касами, Максим Димитриевски, Арбен Таравари и Висар Ганиу.
Меѓу речиси 20 говорници се и низа претставнички и претставници на експертската и академската заедница, граѓанското општество и медиумите. Ќе говорат: заменик директорот на АОПЗ, Џелал Хоџиќ, универзитетската професорка Ана Чупеска, Зоран Иванов, Љубиша Николовски, Петрит Сарачини, како и ЦИВИЛ-ите Биљана Јордановска, Дехран Муратов, Драган Мишев и Џабир Дерала. Модераторка на настанот е Дијана Тахири.
На Конференцијата ќе се опфатат општествено-политичките аспекти на односите меѓу заедниците, мултикултурализмот и европските вредности. Настанот се одржува и во контекст на Светскиот ден на различностите, 21 мај.
Конференцијата е дел од проектот „Заедно за подобра иднина“ посветен на промоцијата на мултикултурализмот и европските вредности што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Министерството за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург.
ЦИВИЛ