Поврзувачката порта меѓу Бит Пазар и Старата скопска чаршија во Скопје е дивоградба и треба веднаш да биде отстранета, бидејќи се наоѓа во зона со највисок степен на заштита, соопштија од Конзерваторскиот центар Скопје, објави СДК.
Според нив, градбата, која градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу ја промовираше на 26 февруари, е поставена спротивно на законските регулативи и не може да биде легализирана. По извршениот увид, стручниот тим утврдил дека се работи за бесправно градење во заштитено подрачје, што бара итно преземање на мерки за нејзино уривање и одговорност за надлежните.
Геодетскиот елаборат покажува дека дел од градбата (околу 9,50 метри) се наоѓа во границите на Споменичката целина – Стара скопска чаршија, каде важи режим на заштита од прв степен, кој забранува нови градби на јавни простори и нарушување на амбиентот. Друг дел (околу 6,90 метри) е во контактната зона „Дуќанџик“, каде исто така постои забрана за градба.
Во Деталните урбанистички планови „Стара чаршија“ (донесен во 1999 година) и „Мавровка“ (донесен во 2006 година), предметната локација е означена како јавна површина, без можност за било какви градби.
Конзерваторскиот центар бара итна реакција од надлежните институции за от