Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на Минхенската безбедносна конференција изјави дека Европската унија нема да се откаже од поддршката за Украина, како во преговорите, така и за безбедносни гаранции и обновата на земјата.
Кошта истакна дека безбедноста на Украина и Европа не може да се разделат, бидејќи „руската закана ги надминува границите на Украина“, соопшти Европскиот совет.
Тој посочи дека војната во Украина ја променила Европската унија, која „веднаш“ и пружила значителна помош на Украина, вклучувајќи хуманитарна, економска и воена поддршка, како и санкции против Русија.