Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска упати честитки по повод Денот на македонската независност.
„По повод националниот ден на Македонија, упатувам срдечни честитки до нејзиниот народ и власти“, напиша Кошта на социјалната мрежа Икс.
Во честитката тој истакна дека Европската унија останува посветена на заедничката иднина и на европскиот пат на Македонија.