Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, реагираше на изјавата на премиерот Мицкоски со која тој апелираше до него да аплицира со проекти за вториот повик од унгарскиот кредит.
Во реакцијата на Костадинов, објавена на неговит фејсбук профил, се наведува дека досега Општина Струмица има аплицирано со 13 проекти.
-Прво, да му се заблагодарам на претседателот на Владата што ми даде дозвола да ја критикувам работата на Владата. Навистина ми значи, особено во услови кога за цензура во јавниот говор токму тој одлучува. Второ, досега имаме аплицирано со 13 проекти. Тоа што претседателот на Владата се уште не е информиран за нашите апликации е загрижувачки, особено што надлежниот министер кој треба да го информира стои позади него, стои во реакцијата на Костадинов,кој приложи и детална листа со аплицираните проекти.
