Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на социјалните мрежи сподели информација дека е локализиран пожарот кој од попладнево гори во Струмица.
„Предмалку го локализиравме пожарот на струмичка страна и повеќе нема опасност за куќите во Баница“ рече Костадинов.
Градоначалникот се заблагодари до екипата на ТППЕ и до сите струмички пожарникари кои се вклучија во гасењето.
„Пред неколку недели реков дека ги знаеме и дека ги гониме оние кои подметнуваат пожари. Лично ќе се заложам до крај сите да одговараат“ порача Костадинов.
Пожарот во Струмица го зафати реонот меѓу Софилари, Градски гробишта, Баница, кој брзо се проширил поради силниот ветер.