Актуелниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов во објава на социјалните мрежи нашиша дека е можно да биде независен кандидат за градоначалник, но дека сѐ уште не донел конечна одлука.
„Секојдневно добивам стотици пораки, повици, разговори – со едно исто прашање: „Дали ќе се кандидираш како независен кандидат за градоначалник?“ Мојот одговор е: Да, можно е, но оваа одлука не е конечна ова е мисла во зачеток“, напиша Костадинов.
Тој уште вели дека „тоа не ее одлука за слава, туку одговорност пред сите вас“, мислејќи на граѓаните на Струмица.
„Затоа сега е време за многу трпение, мудрост и длабоко размислување. Не сакам со ништо да им наштетам на моите другари – на луѓето со кои го делев и доброто и тешкото. Но не можам да молчам пред оваа енергија што ја чувствувам од граѓаните“, истакнува градоначалникот на Струмица.
Тој информира дека разговара со многумина, со народот на терен, со граѓански здруженија, со партии, со чесни социјалдемократи и квалитетни луѓе кои тешко дека ќе се најдат на новите советнички советнички листи.
„Да, сѐ е возможно. Но потребно ми е време. Одлуката ќе ја соопштам јавно, за неколку недели – и таа ќе биде остра, конечна и целисходна. Зашто кога одговараш пред народот мораш да бидеш подготвен не само да победиш, туку и да ја носиш победата со чест. До тогаш, продолжуваме со народот, со идејата, со Струмица. Благодарам за големата доверба и барам максимално трпение од ваша страна“, напиша Костадинов.