Костадинов со предлог до ВМРО-ДПМНЕ Струмица: Наместо скапи тури, користете вештачка интелигенција за средби со Трамп и Маск

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на Фејсбук им предложи на ВМРО-ДПМНЕ Струмица да престанат со, како што вели, „скапи бизнис-класа патувања и тури со ексклузивни средби“, и наместо тоа да ја искористат вештачката интелигенција.

„Направете една убава фотка: вашиот лидер со другарите Трамп и Маск. Со насмевки, потписи и можеби некоја лажна инвестиција од SpaceX,“ напиша Костадинов, алудирајќи на неодамнешните наводи за контакти со поранешниот американски претседател и познатиот претприемач.

Тој додаде дека и покрај сè, „ни CHAT GPT не може да го доближи ДПМНЕ до Доналд Трамп“, и ги повика функционерите од ВМРО-ДПМНЕ барем на овој начин да ги поштедат граѓаните од „реални трошоци за имагинарни средби од 672 ред на инаугурација“.

Зачлени се на нашиот е-билтен