Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Костадиновска-Стојчевска: 11 Октомври ги определи трајните кодови на македонскиот идентитет со сите државотворни атрибути, со својата историја, јазикот, културата и наследството

„11 Октомври – Денот на народното востание од 1941 година, е израз на волјата и определбата на македонскиот и сите други припадници на народите во Македонија да застанат цврсто во борбата против фашизмот и за заокружување на создавањето на нашата држава. 11 Октомври е врежан со златно-црвени букви во колективната меморија на нашиот народ“, напиша на социјалните мрежи по повод Денот на народното востание министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура уште напиша дека „храбрите луѓе од 11 Октомври 1941 ни оставија аманет да се обединиме околу вредностите што доаѓаат од нашите стратешки определби и да ги надминеме поделбите. Да го зајакнеме заедништвото коешто како завет нѝ е оставено со Крушевскиот манифест, со народно-ослободителната антифашистичка војна и со АСНОМ и со референдумот за независност“.

„11 Октомври, 1941 година, е датумот за чествување затоа што тој чин ни ги определи химната, грбот и знамето како трајни кодови на македонскиот идентитет, народ со сите државотворни атрибути, со својата историја, култура и наследство. Нека ни е честит и вековит 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ“, истакна во својата објава на социјалните мрежи по повод Денот на народното востание министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново