Костадиновска Стојчевска: Резолуцијата за македонско-американско наследство е признание за приоднесот на Македонците во изградбата на американското општество

Како огромна чест и признание за придонесот на македонските Американци во развојот на мултикултурното општество на САД, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска ја оцени предложената резолуција на републиканскиот сенатор Мајк Брон септември да биде прогласен за месец на македонско-американското наследство, во својата објава на социјалните мрежи.

„Ова е резултат на пристапот на Македонците било каде во светот да учествуваат и бидат конструктивни градители на државите кои ги избрале за да го изградат својот дом“, пишува министерката за култура и истакнува дека прифатени како дел од македонско-американското наследство македонските јазик, култура и историја и на овој начин добиваат признанија и промоции насекаде низ светот.

Во објавата на социјалните мрежи министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска уште потенцира дека „македонските Американци ги прифатија слободите на американското општество и се интегрирани во сферите на уметноста, науката, бизнисот, политиката, медицината, спортот и на други полиња како резултат на можностите да се биде рамноправен дел и да се учествува во остварувањето на граѓанските и верските слободи, основните човекови права за да се даде сопствениот придонес во развојот на заедницата“.

„Денес тоа е модел кој го избра и кон чие усовршување се стреми и нивната матична земја и татковина како општество во кое секој ја заслужува својата шанса“, посочува на социјалните мрежи министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Зачлени се на нашиот е-билтен