Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Костова: Укинувањето на „недела неработен ден“ е директен удар врз правата на работниците

СДСМ изразува остро противење на најавите за укинување на „недела неработен ден“, политика која беше воведена за заштита на правата на работниците и за обезбедување повеќе време за нивните семејства.

Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, на денешната прес-конференција истакна дека оваа одлука е директен удар врз достоинството на работниците и дека владата на ДПМНЕ и Мицкоски продолжува со политики кои им угодуваат на бизнис-елитите, додека работниците ги третираат како евтина работна сила.

„Во време кога цените растат, а платите стагнираат, наместо да се зголеми минималната плата и да се обезбеди подобар стандард, власта подготвува ново нарушување на стекнатите права на работниците. Укинувањето на ‘недела неработен ден’ е показател за игнорантскиот однос кон трудот и важноста на слободното време за граѓаните,“ рече Костова.

СДСМ потсетува дека оваа мерка, воведена за време на нивното владеење, беше поздравена од граѓаните и помогна во подобрување на балансот помеѓу работата и семејниот живот. Владата на ДПМНЕ, под притисок на бизнис-интересите, се обидува да ја укине оваа значајна реформа, што може да има негативни последици врз општеството, вклучувајќи и зголемени социјални проблеми и притисок врз семејствата.

СДСМ останува цврсто на страната на работниците, бранејќи ги нивните права и интереси. Повикуваме на итно преиспитување на оваа одлука и потсетуваме дека Владата треба да работи за народот, а не за елитата.

Зачлени се на нашиот е-билтен