Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски – Бербок: Нова конкретна поддршка од Германија за следниот исчекор на Северна Македонија во евроинтеграциите

Премиерот Ковачевски, заедно со вицепремиерот Бојан Маричиќ, се сретна со министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок.

На состанокот беше нагласено долгогодишното искрено и силно македонско-германско пријателство и партнерство, во 30-те години од воспоставувањето дипломатски односи, што се навршуваат оваа година.

Пренесена е јасна и конкретна порака дека Германија стои до Северна Македонија за следниот исчекор на нашата држава во европските интеграции. При тоа е изразено очекување дека ова стратешко прашање за државата и за регионот ќе биде во преден план на сите политички субјекти во земјава.

Нагласено е дека е од суштинска важност за севкупниот геополитички контекст, целиот регион да продолжи да се движи на патеката на евроинтеграциите. И во таа насока е поздравена улогата на премиерот Ковачевски и на Македонија, како фактор на дијалогот и стабилноста во Западен Балкан.

Ковачевски, како што соопшти владината прес-служба, го поздрави доаѓањето на министерката Бербок во уште еден важен момент за Северна Македонија.

„Направивме историски исчекор и ги започнавме преговорите за пристапување во ЕУ, во јули 2022 година, што означи почеток на квалитативно нова фаза во односите со Европската Унија, по 17 години од стекнувањето кандидатски статус. Имавме активна поддршка на Германија, којашто особено беше клучна за време на германското претседателство со ЕУ во 2020 година. Денес таа поддршка повторно ја имаме и е од големо значење затоа што Германија ужива голема репутација и длабока почит меѓу нашите граѓани“, рече Ковачевски.

Тој го истакнал и значењето на соработката со Германија на економски план, со оглед дека Германија е прв трговски партнер на Северна Македонија во последните години, петти странски директен инвеститор во земјава, во којашто работат околу 200 германски компании.
На средбата станало збор и за значењето на Берлински процес како движечка сила на регионалната соработка на највисоко ниво и како иницијатор на акционите планови за Заедничкиот регионален пазар на Западен Балкан и Зелената агенда.

Зачлени се на нашиот е-билтен