Бугарските клубови кои ќе се усогласат со законот и ќе се пререгистрираат во Централниот регистар ќе продолжат со работа изјави премиерот Димитар Ковачевски, но оние кои тоа не го направиле, согласно законите, нема да продолжат да работат, дециден е Ковачевски.
-Еден клуб веќе знам дека поднел барање за промена на името. Штом тоа ќе го направи тоа ќе биде регистрирано во Централниот регистар и ќе продолжи со работа, рече Ковачевски на новинарско прашање, дали бугарските клубови Цар Борис Трети и Ванчо Михајлов за кои денеска истекува рокот за преименување ќе бидат затворени.
Денеска истекува рокот за преименување на здруженијата, чиишто имиња се сметаат за навредливи и претставуваат провокација, согласно законските измени за здруженија и политички партии од ноември 2022 година, ќе бидат затворени. Здружението од Охрид „Цар Борис Трети“ има поднесено барање до Централниот регистар за промена на името согласно измените во Законот за здруженија и фондации. Од Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола, пак, на ден пред истекот на рокот, сè уште немаат доставено барање за измени.
Според постоечката легислатива, доколку двата клуба не го сменат името, треба да заседава владината Комисија и да донесе став, што потоа треба да биде доставен до Министерството за правда и врз основа на тоа министерот да донесе одлука. Доколку одлуката е негативна, здружението треба да биде избришано од Централниот регистар. (МИА)