Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: Европското знаменце на законите е поради неоснованата блокада да не се градат коридорите

 Европското знаменце на законите поврзани со изградбата на коридорите, а со цел побрзо и поефикасно проектирање и градење на коридорите 8 и 10д е бидејќи Коридорот 8 е веќе ставен на мапата на трансевропски коридори и затоа што има неоснована блокада од страна на Левица поддржана од ВМРО-ДПМНЕ со цел коридорите да не се градат, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање дали одговориле на писмото од ЕУ за злоупотреба на европското знаменце.

Премиерот посочи дека вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и Секретаријатот за европски прашања се во постојан контакт со службите во ЕУ.

Според премиерот, ВМРО-ДПМНЕ и Левица блокираат закони што се однесуваат на реформи во државата и на европскиот пат на земјата.

-На граѓаните не им требаат блокади, им требаат автопатишта, коридори и реформи, рече Ковачевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен