Премиерот Димитар Ковачевски, денеска на маргините на Економскиот форум во Скопје се сретна со косовскиот премиер, Албин Курти.
На средбата се дискутираше за повеќе теми, меѓу кои за напредокот на взаемната соработка, како и идните чекори за подобрување на билатералните односи меѓу двете земји.
Ковачевски му пренесе на косовскиот колега дека Северна Македонија ги поддржува евро-атлантските аспирации на Косово и е подготвена за давање придонес во таа насока, како и дека активно го поддржува учеството на Косово во различни регионални формати на соработка. Премиерот, исто така, го поздрави постигнатиот договор за прифаќање на ЕУ предлогот за нормализирање на односите меѓу Kосово и Србија, со што ќе се гарантира мирот, стабилноста, безбедноста и напредокот, не само на двете земји, туку и на регионот во целост.
Тој нагласи дека отворените прашања треба да се решаваат низ дијалог и ја истакна подготвеноста на Македонија како претседавач со ОБСЕ да го помогне процесот во фазата на имплементација.