Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: Правиме усогласувања со коалициските партнери што се однесуваат на нови унапредувања на родовата еднаквост

Вие жените сте потребни на државата, на општеството, во политиката, во бизнисот, во институциите, на нивите, во лекарските ординации, во медиумите, во училниците, во фабриките, во културата и само со вашата тактичност, верба, одлучност, какви што ги има само жената, можеме да ги движиме успешно економскиот развој и европските перспективи, порача од Прилеп претседателот Димитар Ковачевски на Маршот по повод 8 март во организација на Форумот на жени на СДСМ.

Ковачевски повика на акција и на гласност на жените, додавајќи дека сите мора да работат на унапредување на родовата еднаквост.

„Затоа, денеска ќе соопштам дека веќе правиме усогласувања со коалициските партнери што се однесуваат на нови унапредувања на родовата еднаквост:

-Измени и дополнувања на Изборниот законик, во правец на постигнување целосна родова еднаквост на листите за пратеници и советници;

-Измени и дополнувања на Законот за Влада, преку воведување најмалку 40 проценти жени во извршната власт;

-Измени и дополнувања на Изборниот законик и воведување квота од 30 проценти од помалку застапениот пол, за избор на градоначалници;

-Донесување родово сензитивен Деловник за работа на Собранието на Република Северна Македонија, до крајот на 2023 година;

-Законско регулирање на интернет просторот за спречување говор на омраза“ истакна Ковачевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен