Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: Пресуди на Судот за човекови права не се почитуваат, има граѓани во Бугарија кои се самоопределуваат како Македонци

Постојат судски пресуди на Судот за човекови права, кои што Бугарија ги нема спроведено до денес и ги повикувам уште еднаш бугарските власти да ги почитуваат одлуките, согласно со европските правни норми за заштита на малцинските права, и на тие граѓани кои што се самоопределуваат како Македонци. Сепак тоа се граѓани и на ЕУ, бидејќи Бугарија е дел од Унијата.

Ова денеска го изјави премиерот на земјава Димитар Ковачевски, коментирајќи за македонското малцинство во Бугарија.

„Има граѓани во Бугарија кои што се самоопределуваат како Македонци и нив им припаѓаат правата кои треба да им бидат овозможено да ги остварат“, порача Ковачевски.

March 24, 2023 11:32

in ВЕСТИПОЛИТИКА

Зачлени се на нашиот е-билтен