Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски телефонски разговараше со Столтенберг: Обединети и силни заедно во НАТО

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, попладнево имаше телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Разговарано е за повеќе актуелни прашања од важност за регионот и во геополитички контекст.

Истакнато е силното единството на државите сојузнички во Алијансата, во функција на мирот, по предизвиците од бруталната воената агресија на Русија врз Украина.

При тоа е поздравена ефективната поставеност на Република Северна Македонија на линија на поставеноста на НАТО партнерите и на заедничката и надворешна безбедносна политика на ЕУ, како и обезбедувањето на потребната поддршка за Украина.

Во разговорот е посочено и на важноста од заеднички пристап во справувањето со хибридните закани и дезинформациите како предизвици по стабилноста и безбедноста.

За аспектите на прашањата за коишто разговараа денеска премиерот Ковачевски и генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, како што е посочено, се очекува да се разговара и на престојниот јулски Самит на НАТО во Вилнус, Литванија. 

Tags: КовачевскиНАТО

Зачлени се на нашиот е-билтен