Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Крај за „новогодишната кошничка“ – Владата задоволна, граѓаните разочарани

Од денеска престанува важноста на мерката „Новогодишната кошничка“, која овозможуваше продажба на околу 1.200 производи со ограничена маржа од 10 проценти. Иако Владата ја оценува како успешна, граѓаните остануваат скептични, стравувајќи дека цените повторно ќе пораснат.

Според економистите кои ги консултираше Рацин.мк, мерката е класичен пример на популистички пристап што носи повеќе штета отколку корист.

„Трговците не можат да работат со загуба. Ако цените се наметнати под реалните пазарни услови, производите ќе исчезнат од полиците, објаснуваат тие додавајќи дека само „наивни граѓани“ може да веруваат дека Владата искрено се грижи за нивниот стандард.

На листата производи беа вклучени леб, месо, млечни производи, овошје, зеленчук и пијалаци, обележани со посебно лого. Владата најавува дека вакви мерки ќе се воведуваат и за големите верски празници, но аналитичарите предупредуваат дека краткорочните решенија не можат да донесат долгорочни резултати.

Зачлени се на нашиот е-билтен