Голем пожар се шири во реонот на Стенковец, при што огнената стихија се спушта од правец на Скопска Црна Гора. Според очевидци, пламените јазици се приближуваат до бензинските пумпи БЕСА и ДИЗЕЛ, што создава сериозна закана од можна експлозија.
„Ситуацијата е критична. Пожарот е веднаш до бензинските. Во опасност се и луѓето и целиот регион,“ велат граѓани кои се на теренот и апелираат за итна интервенција.
Поради сувото време, силниот ветер и тежок терен, пожарот брзо напредува, а ризикот за поширока еколошка и материјална штета е огромен.