Кривична пријава за говор на омраза – Пешевска: „Нападот врз Александра Соколова е напад врз сите семејства од ‘Пулс’“

Поднесена е кривична пријава за основано сомневање за сторено кривично дело – ширење говор на омраза, против едно лице и администраторите на фејсбук-профилите „Наше Кочани“ и „Јул медиа“.

Пријавата се однесува на навреди упатени кон мајка на дете што трагично загина во пожарот во „Пулс“, Александра Соколова, која деновиве е кандидат за советничка на партиска листа во Општина Кочани.

По тој повод, денеска, изјава за медиумите даде пратеничката Жаклина Пешевска, која порача:

„Најостро го осудувам говорот на омраза и линчот кон Александра Соколова, која е кандидатка за советничка. Нападот врз Соколова е напад врз сите мајки, татковци и семејства кои ги изгубија своите најмили во пожарот во ‘Пулс’. Наместо да бидеме среќни што тие се интегрирани во општеството и учествуваат во носењето на одлуки, некој се дрзнал да ги линчува. Затоа ги повикувам сите институции доблесно да ја спроведат правдата, а во исто време ги повикувам сите женски организации, душегрижници и борци за женски права да го осудат овој говор на омраза. Тука го повикувам Форумот на жени од СДСМ и клубот на пратенички што го води Јована Тренчевска.“

Зачлени се на нашиот е-билтен