Крушево го доби престижното признание со своето место меѓу топ 100 зелени дестинации во светот.
Информацијата ја сподели Амбасадата на Швајцарија во нашата земја која напиша:
Нашиот мал град со големо срце влезе во престижната листа Топ 100 зелени дестинации во светот за 2025 година!
Ова признание од Монпелје, Франција е потврда дека Крушево се движи по вистинскиот пат – развој на туризмот кој ја чува природата, ја почитува историјата и носи нова енергија за иднината.
Оваа награда не е само за општината – таа е за сите вас што верувате, вложувате и ја сакате оваа наша убавина.
Крушево може да биде пример за целиот свет.
Крушево – зелено, одржливо и секогаш инспиративно!
Секако, свој придонес за ова големо признание има и пријателска Швајцарија си швајцарските програми ИМЕ и СИППО со постојаната поддршка и долгогодишната соработка со Крушево.