Културните институции ги откажаа настаните по трагедијата во Кочани

По трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 59 млади и малолетни лица, културните институции во Македонија почнаа да ги откажуваат најавените настани.

Македонскиот народен театар (МНТ) соопшти дека ги откажува сите изведби од 17 до 22 март, како израз на почит кон жртвите и нивните семејства. На 17 март требаше да гостува Црногорското народно позориште со претставата „Господа Глембаеви“.

Средствата од онлајн купените билети ќе бидат рефундирани автоматски, додека билетите купени на билетарница ќе се враќаат секој работен ден од 12 часот.

Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ) ги откажа предвидените концерти од фестивалот „Денови на македонска музика“, кој требаше да започне на 17 март. Од СОКОМ најавија дека дополнително ќе информираат за новите термини.

Зачлени се на нашиот е-билтен