Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска информираше дека утрово добиле дојава за наводно поставени бомби во две средни училишта во Скопје.
Според информациите од МВР, училиштата пријавиле дека на нивните електронски адреси пристигнале пораки за наводно поставена експлозивна направа. Од страна на СВР Скопје веднаш биле преземени неопходни безбедносни мерки, извршени се сите проверки и утврдено е дека станува збор за лажни дојави.
МВР ги увери граѓаните дека нема опасност и дека се продолжува со контрола на ситуацијата.