ЛДП бара Обвинителството да ги испита договорите за прославата на независноста

Либерално-демократската партија побара Јавното обвинителство да ги испита договорите и трошењето за прославата на 35-годишнината од независноста. Во соопштението, ЛДП ја обвини Владата за нетранспарентност, особено во прикажувањето на хонорарите за музичките изведувачи.

Според бројките што ги наведе партијата, за 18 настани биле потрошени 5,5 милиони евра, од кои 2,1 милион евра биле заведени како „хонорари за артисти“. ЛДП побара да се објави колку добил Дејвид Гета, а колку останатите странски и домашни изведувачи.

Партијата оцени дека извештајот од 81 страница не дава доволно јасен увид во поединечните исплати и праша дали домашните музичари биле соодветно платени.

ЛДП го спореди начинот на трошење со проектот „Скопје 2014“, тврдејќи дека повторно се издвојуваат големи суми за спектакли без доволна транспарентност.

„Ова не е прослава на независноста, туку пресликана матрица од ‘Скопје 2014’, каде што преку спектакли и задкулисни договори се испумпуваат народни пари“, порачаа од партијата.

Во соопштението, ЛДП праша и дали средствата од дивидендата на Државна лотарија можеле да се искористат порационално, наместо за прославата. Според партијата, јубилејот можел да биде одбележан достоинствено, со трошоци усогласени со економската состојба на граѓаните.

ЛДП побара Обвинителството да постапи по допрен глас, да ги разгледа договорите и да утврди кои компании и поединци ги добиле средствата, како и дали постојат неправилности во нивното трошење.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?