Локализиран пожарот во село Пелинце

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска во 14:16 часот на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 бил пријавен пожар во село Пелинце, општина Старо Нагоричане, на место викано Мало Миџунци. Според пријавата, била зафатена сува трева и дел од нискостеблеста шума, а пожарот за многу кратко време се проширил и навлегол во селото при што била опожарена една куќа. Дополнително било посочено дека во селото живеат неколку повозрасни лица поради што веднаш била побарана итна интервенција.

Како што наведува ЦУК, по интервенцијата на ТППЕ Старо Нагоричане пожарот за неполн час бил локализиран.

  • ЦУК веднаш ги извести надлежните служби: Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Национални шуми – Подружница Куманово. Благодарение на брзата и координирана интервенција, пожарот беше локализиран за неполн час од страна на ТППЕ Старо Нагоричане. Екипите на терен се подготвени за повлекување, објави ЦУК на Фејсбук.

ЦУК апелира до граѓаните да бидат претпазливи при движење во природа и да не палат оган на отворено со цел спречување на вакви инциденти.

Зачлени се на нашиот е-билтен