Љубчо Георгиевски: Браво за Албанија!

Љубчо

Автопатот Блаце-Приштина-Тирана веќе неколку пати го имам поминато но пред некој ден специјално отидов да го поминам автопатот Тирана-Ќафасан кој напредува со невидена брзина и експресниот пат Тирана-Дебар кој посебно ме воодушеви со живописниот предел низ кој минува но и самата изграба со многу тунели и мостови.

Ова е запис на поранешниот премиер и претседател на ВМРО Народна партија, Љубчо Георгиевски, инсипиран од едно негово патување во Албанија.

Понатаму тој вели: Економскиот развој на Албанија е невиден во последните десетина години.

Како заклучок и споредба во својата објава на социјалните мрежи, Георгиевски истакнува: Бугарија останува единствениот сосед кој триесет години нема никаков инфраструктурен проект изградено према Македонија.

Зачлени се на нашиот е-билтен