Македонија дише на црвено, ПМ – 10 честичките над дозволеното

Според податоците на платформата „Ај-кју ер“, која ги следи глобалните индекси на квалитетот на воздухот, Скопје се наоѓа на 8. место меѓу најзагадените градови. Со индекс на загаденост од 187, воздухот во главниот град е категоризиран како „нездрав“.

Лахор, Пакистан, е на врвот на оваа листа, а по него следуваат Делхи во Индија и Вухан во Кина.

Според извештајот од Македонскиот информативен центар за животна средина, среднодневните концентрации на суспендирани честички PM10 надминуваат дозволените граници на неколку мерни места, вклучувајќи Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче, Ректорат, Ѓорче Петров, Миладиновци, Битола, Кичево, Тетово, Гостивар, Охрид, Велес, Кавадарци и Куманово.

Граѓаните се советуваат да ги следат препораките за заштита од загаден воздух, посебно оние кои се во ранливите категории, како што се деца, стари лица и лица со хронични болести.

Зачлени се на нашиот е-билтен