Македонија е на 82 место, последна од земјите во регионот на листата среќни земји, Финска повторно на врвот. На листата има вкупно 147 земји, Авганистан е на дното.
Како што се наведува, извештајот дава увид во состојбата на задоволството и перцепираниот квалитет на живот на луѓето ширум светот.
Проценката вклучува фактори како што се економското влијание на земјиштето, здравјето, чувството на слобода, дарежливоста на луѓето и перцепцијата за корупција.
Граѓаните во Македонија се најзадоволни од поддршката што ја добиваат од заедницата и дарежливоста. Просечно задоволни или незадоволни се од просечниот БДП, како и од очекуваниот здрав живот, а најмалку задоволни или многу незадоволни се од чувството за слобода и степенот на корупцијата.
Најниската позиција на Македонија на оваа листа била на 127 место.
Втора земја на листата е Исланд, по што следат Данска, Костарика и Шведска. Норвешка, Холандија, Израел, Луксембург и Швајцарија се меѓу првите десет.
На листата има вкупно 147 земји, а Авганистан е на дното.
Од земјите од поранешна Југославија, Косово е на 16-то место, Словенија е 18-та на листата на најдобри земји во светот, Србија на 30-то, Босна и Херцеговина 47-ма, Црна Гора 60-та, Хрватска 70-та.
Албанија е на 86 место, Бугарија на 84, а Грција на 85.