Во оваа статија започнуваме со листање на неколку наслови: Две сребра за македонски средношколци на 37. Интернационална олимпијада по информатика; Сара Стефановска го освои бронзениот медал на Европска олимпијада по информатика за девојки; Дамјан Давков освои сребрен медал на 31. Балканската олимпијада по информатика во Охрид…
Ова се само неколку од насловите што последниве години зборуваат за успесите на нашите младинци, ученици во средните училишта низ Македонија, кои од сите поголеми меѓународни натпревари по информатика се враќаат со по неколку медали за освоени први места.
На листата на Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ), на која прецизно се бележи статистиката за учеството на секоја земја членка на ИОИ, Македонија е на 56-то место по бројот на вкупно освоени медали од 1996 година навака, откако нашате земја редовно учествува на ИОИ.
Но, она што е податок којшто заслужува внимание е дека Северна Македонија е Македонија е во топ држави по број на медали ако гледаме per capita.
Односно на еден милион жители, со освоените 16,4 медали на ИОИ, нашата земја е на петтото место во светот после Литванија и Хрватска, со 30, односно 28 медали, и Бугарија (20,5) и Словачка со 20 медали.
Северна Македонија е пред Романија, Полска, Јужна Кореја по број на медали пер капита, дури и пред Кина и Виетнам кои имаат најголем број медали, но многу помалку според бројот на жители.
Сето ова говори дека нашата земја треба многу повеќе да им посвети на младите кои се определуваат за информатика и да најде начин да ги задржи во земјата.