Репрезентацијата на Северна Македонија го стресе фаворитот Унгарија на првиот натпревар на ракометниот мундијал во Вараждин во Хрватска.
Македонија направи пресврт кога од 11 минута ја презеде иницијативата и од негатива од три гола, направи предност од 8:1 и потоа цело време беше во предност од 3 до два гола до крајот на полувремето.
Унгарците се созедоа во последните две минути и го израмнија резултатот и првото полувреме заврши со 14:14.
Во последниот напад македонските ракометари постигнаа гол, но судиите не го признаа зашто беше остварен откако помина времето.
Со поддршката на трибините и со добрата игра, Македонија влегува со добра енергија во второто полувреме.