Во рамки на продолжението на 22.седница, пратениците ќе расправаат за Предлог на декларација за признавање на државата Палестина.
На оваа седница ќе се дебатира и по Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2024 година, како и за Предлогот за разрешување членови на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија.