Македонија се мобилизира „караманот“ да биде меѓународно прифатен како автентично македонско куче

Мими Стефковска со нејзиниот караман Џек на презентацијата на македонски карамани
Мими Стефковска со нејзиниот караман Џек на презентацијата на македонски карамани

Македонија се мобилизира „караманот“ да биде меѓународно прифатен како автентично македонско куче.

Кинолошкиот клуб „Македонско овчарско куче Караман“, ги повика сопствениците и одгледувачите на караманот, да дојдат во Охрид на 7 септември, со цел пред комисијата на ФЦИ (Fédération Cynologique Internationale) за да ја убедат во авентичноста на оваа раса кучиња, за која се тврди дека има неспорни докази дека била одгледувана уште пред 4 000 година што ја прави најстара раса во светот.

Во апелот за овој настан се вели дека македонската кинологија има ретка можност да издејствува Македонија конечно да се стекне со своја кучешка раса.

Кинолошкиот клуб „Македонско овчарско куче Караман“ известува дека заради важноста на настананот, поточно презентацијата на 07.09.25 во Охрид, со цел признавањето на Македонското овчарско куче Караман пред комисиите од ФЦИ, патните трошоци на излагачите со Карамани кои не се во можност сами го покријат патувањето од нивниот дом до местото на изложбата ќе бидат субвенционирани – ќе им се покријат 100% трошоците за гориво и патарина.

Од здружението уште истакнуваат дека настанот во Охрид е исклучителна шанса Македонија да добие своја сопствена раса за да си го зачува своето кинолошко наследство чиј значаен дел, е македонскиот караман со кој повеќе милениуми се гордееле македонските сточари.

Зачлени се на нашиот е-билтен