Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Македонија блесна во најубавите стихови на македонски јазик и кирилица

Во чест на 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, на повеќе важни јавни локации и објекти низ државата вечерва се одржани светлосни перформанси, светлечки инсталации и видео проекции со најсилните стихови од македонска поезија и музика и со цитати на дејци кои силно се врежани во меморијата на македонската култура и идентитет.

Светлечките перформанси во организација на Министерството за култура и по тој повод е и изјавата на министерката Бисера Костадинивска Стојчевска.

– Денес се радуваме на сѐ што правиме за македонскиот јазик. Тоа ни дава сила за уште од утре да продолжиме уште повеќе да го чуваме, учиме и промовираме, порача министерката за култура.

Вечерва македонскиот јазик и дел од најубавите стихови на овој јазик и на кирилица ги осветлија македонското Собрание, скопското Кале, Самоиловата тврдина во Охрид, Спомен куќата на Блаже Конески во Небрегово, Офицерскиот дом во Битола, Гимназијата Јане Сандански во Струмица, Црквата Свети Никола во Крушево и Спомен Костурница во Велес.

Годинава одбележувањето е под слоганот „Пишувај на кирилица!“, со акцент на употребата на кирилското  писмо во секојдневната електронска комуникација, особено преку мобилните уреди.

Зачлени се на нашиот е-билтен