Македонска платформа против сиромаштијата го објави конкурсот за „Награди за новинари кои ги гледаат невидливите“

сиромаштија

Македонска платформа против сиромаштијата, веќе традиционално, го објави конкурсот за доделување на „Награди за новинари кои ги гледаат невидливите“, ве покануваме да учествувате и да го споделите со вашите колеги.

– Рок за пријава до 31 март 2026

– Новинарските дела треба да се направени меѓу 20 март 2025 и 16 март 2026

– Еден новинар – едно дело

– Нема ограничување за формат и медиум

За учество ви е потребна апликацијата која може да се пополни на линкот https://forms.gle/t6iXHMgEf2b4SZan8. За сите прашања и детали поврзани со повикот бидете слободни да ни пишете на mppsmk@gmail.com.

Оваа година доделувањето на наградите ќе биде на 16 јуни и ќе биде проследено од претставници на сите мрежи против сиромаштија кои го спроведуваат проектот во нивните земји. 

За оние кои прв пат се запознаваат со наградата, станува збор за доделување на наградите за новинарство „одоздола“, односно награди за новинари кои работат на општествени теми, поврзани со сиромаштија и социјална исклученост, а на тој начин им даваат глас на луѓето кои ретко имаат можност јавно да зборуваат за своите проблеми и се речиси општествено невидливи. Она што овој проект го прави уникатен е составот на жирито, односно улогата на членови во жирито ја имаат исклучиво луѓе кои имаат искуство со живот во сиромаштија.

Наградите ги доделува Македонска платформа против сиромаштијата (МППС) и имаат за цел промовирање на новинарство кое ги опфаќа многуте аспекти на сиромаштијата и социјалната исклученост, поддржуваат известување кое ги почитува граѓаните и внимава на нивното достоинство и изразуваат поддршка на новинарите кои им даваат видливост и гласност на граѓаните кои вообичаено не ги гледаме и слушаме. Конечната цел е да се доделат награди на општествено посветени новинари, кои внимаваат да не градат стереотипи и не се водат од сензационализам.

Зачлени се на нашиот е-билтен