Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Македонската амбасада во Украина оштетена при ракетни напади на руската армија врз Киев

Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека македонската амбасада во Киев претрпела материјална штета по денешните ракетни напади на руската армија врз украинскиот главен град. Првичниот преглед на штетите е веќе завршен и се работи на нивно санирање.

Според соопштението, нема повредени меѓу дипломатскиот персонал. Од МНР најостро ги осудија нападите, истакнувајќи дека била погодена и критичната инфраструктура во Голосеевскиот реон, каде се наоѓаат шест амбасади, вклучително и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев.

Министерот за надворешни работи на Чешка, преку платформата X, сподели фотографии од оштетувањата на Чешкиот центар, кој се наоѓа во истата зграда со македонската амбасада.

Зачлени се на нашиот е-билтен