Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Македонските граѓани и компаниите должат над 8 милијарди евра

Задолженоста на македонските граѓани и компании надмина 8 милијарди евра, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Кредитната задолженост расте од месец во месец, при што во јануари долгот достигнал 494,1 милијарди денари (8,034 милијарди евра).

Најголем дел од овој долг припаѓа на домаќинствата, кои должат над 4 милијарди евра (250,1 милијарди денари), додека компаниите имаат обврски од 3,9 милијарди евра (241,4 милијарди денари).

Иако вкупните кредити во јануари бележат благо намалување од 0,1% на месечно ниво, на годишна основа има раст од 11,3%, што се должи на зголеменото кредитирање кај двата сектора, особено кај компаниите.

Кредитите на корпоративниот сектор се намалени за 0,4% на месечно ниво, главно поради пад на кредитите во денари, додека кредитите во странска валута бележат раст. На годишно ниво, задолженоста на компаниите е зголемена за 14,2%.

Од друга страна, кредитите на домаќинствата имаат и месечен и годишен раст. На месечно ниво, задолженоста е зголемена за 0,2%, додека на годишно за 8,8%. Најголем дел од кредитите се во денари, но има раст и кај задолжувањето во странска валута.

Кај потрошувачките кредити е забележан месечен пад од 0,3%, но годишен раст од 8,4%. Станбените кредити се зголемени за 0,5% на месечно и 12,7% на годишно ниво. Автомобилските кредити имаат раст од 0,7% месечно и 5,1% годишно, додека задолженоста на кредитните картички е во опаѓање – пад од 1,1% месечно и 9% годишно.

Податоците покажуваат дека граѓаните најмногу се задолжуваат за потрошувачки и станбени кредити. На крајот на јануари, долгот по основ на потрошувачки кредити надминал 2 милијарди евра, додека станбените кредити достигнале 1,6 милијарди евра. Долгот за автомобилски кредити е над 6 милиони евра, а за кредитни картички 143,6 милиони евра.

Зачлени се на нашиот е-билтен