Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Македонските мировници денеска ќе имаат видео средба со своите семејства

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска традиционално ќе се одржат две предновогодишни активности на Министерството за одбрана и Армијата: видео конференциска врска со македонските мировници во присуство на членовите на нивните семејства и поделба на новогодишни пакетчиња на децата на припадниците на Армијата.

Претседателката и врховен командант на Армијата Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски преку видео конференциска врска ќе им се обратат на припадниците на македонската Армија кои извршуваат задачи во мисиите и операциите во Косово, Босна и Херцеговина, Либан, Латвија, Романија и Бугарија.

Потоа на децата на мировниците ќе им бидат поделени новогодишни пакетчиња. Како што е најавено, предвидено е обраќање на претседателката Сиљановска Давкова.

На пладне на традиционалниот настан во воздухопловниот ВИНГ, Дедо Мраз ќе им подели новогодишни пакетчиња на децата на припадниците на Армијата и Министерството за одбрана.

Зачлени се на нашиот е-билтен