Малолетни девојчиња тепале и снимале соученичка и снимале, се вмешале и родителите, се наведува во билтенот на МВР.
Запишано е дека на 12.03.2026 во 17:53 часот во СВР Скопје В.С.(47) од Скопје пријави дека на подрачјето на општина Аеродром неговата малолетна ќерка била физички нападната од две нејзини соученички кои биле во друштво со уште три малолетнички, а една од нив настанот го снимала со мобилен телефон.
На 13.03.2026 во 14:30 часот С.В.(52) од Скопје пријави дека на 12.03.2026 В.С. физички ја нападнал неговата малолетна ќерка која претходно физички ја нападнала ќерката на В.С. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.