Испреговаравме добар македонски пакет со Бугарија. Од моментот на отварање на поглавјата, отстапи ли Бугарија од договореното, се обиде ли да не блокира по идентитетска основа, оваа наша македонска влада ќе ги прекине преговорите со ЕУ и ќе иницира поништување на одлуката на Уставот, соопшти вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ на трибината „Ние сме Европа“ што вечерва се одржа во Битола.
Но, ние добро знаеме дека тоа нема да се случи, бидејќи нашата позиција во ЕУ е се посилна и со отварање на поглавјата ќе стане уште посилна, бидејќи Ние сме Европа!