Маричиќ: Кога европската интеграција не покажува резултати започнува доминацијата на национализмот

„Тогаш кога европската интеграција не покажува резултати започнува доминацијата на национализмот“, истакна поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Бојан Маричиќ на на панелот „Подем на екстремно-десничарскиот национализам“ во рамките на конференцијата „Одбрана на демократијата и човековите права“ на Цивил- Центар за слобода и и Медиа Дијалог од Германија.

Тој нагласи дека тоа национализмот на Западен Балкан и Европа не е нова работа, но тој започна да доминира на европската политичка сцена.

„Сведоци сме на тоа во Франција, унгарија, Италија, Германија, Холандија и во други земји, гледаме дека тоа не е само феномен на Западен Балкан. Во Молдавија и во Грузија гледаме дека тоа е сриозна политичка борба како реакција на овие влијанија“, укажа Маричиќ.

Одговорот на овие појави, рече Маричиќ, е во засилување на процесите коишто ќе ги забрзаат во евроинтеграциите. „Во однос на ова, гледаме дека дури и владите кои се десничарски се плашат да се откажат од евроинтеграциите и европските вредности. Напротив, се застапуваат за нив и тоа е она што дава надеж“.

Маричиќ нагласи дека треба да бидеме подготвени е да ја одржуваме вербата во граѓаните дека европските вердности како одговор на десничарскиот екстремизам и национализам.

„Но, ни треба јасен план за забрзување на евроинтергарциите кој ќе биде прифатлив и за ЕУ. Ни треба јасен план како да го завршиме процесот, да му се даде енергија да се се заокружи успешно со членство во ЕУ колку што може побрзо“, рече Маричиќ на конференцијата „Одбрана на демократијата и човековите права“ на Цивил- Центар за слобода и и Медиа Дијалог од Германија.

Зачлени се на нашиот е-билтен