Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: На младите ќе им обезбедиме европска иднина и од тоа нема да се откажеме

Заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања и секретар за меѓународна соработка во СДСМ Бојан Маричиќ, вечерва на инфо сесија под наслов „ЕУ за младите – за знаења, вештини и добро платена работа“ одговараше на прашања за програмата ЕРАЗМУС+ и за можностите кои ЕУ ги нуди за младите за обуки, размени, пракси и мобилност.

„Младите се наша целна категорија на која во изборната програма на СДСМ посветуваме посебно внимание. Македонската младина е европска младина. Ние сме покажале повеќе пати на дело дека знаеме и умееме да бидеме Европјани на дело. Ние ја сакаме ЕУ не затоа што таа е некоја бајка или приказна, туку затоа што носи механизми за тоа како да бидеме подобро општество, за тоа како да искористиме повеќе прилики, како да добиеме можности бесплатно да учиме на најдобрите универзитети во Европа и како тоа знаење да го употребиме, да го вложиме во нашиот развој, во нашата кариера“, им порача Маричиќ на младите на инфо сесијата.

Според бројките во Еразмус+ на ЕУ, во 2022 година биле опфатени преку 10.000 млади и други образовни и научни работници, кои во земјите на Европа вклучени во оваа програма стекнувале знаење, вештини и реални искуства за усовршување.

„Ние кога сме биле студенти немаше такви можности, ни требаа визи и вистинско чудио беше некој да замине на школување во странство. Вие сте во многу подобра позицијата, имате многу повеќе можности за повеќе успеси и ние никогаш нема да се вратиме назад и ќе одиме само напред“, истакна заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања и секретар за меѓународна соработка во СДСМ Бојан Маричиќ, вечерва на инфо сесија под наслов „ЕУ за младите – за знаења, вештини и добро платена работа“.

Маричиќ и останатите присутни на инфо сесијата, Марко Ѓорѓиевски од Националната агенција за европски образовни програми и Марко Михаилоски од Социјал демократската младина на македонија, одговараа и на прашањата на младите што беа поставени во текот на денот кога беше објавена информацијата за темата на вечерашната инфо сесија.

На прашањето каде може да се најдат детали за можностите за младите во програмата Еразмус+, беше речено дека место за тие информации е Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и нивната веб страница и каналите на социјалните мрежи.

„Националната агенција што ја спроведува Еразмус програмата секогаш била пофалувана и укажувана како најпозитивен пример кај нас и како агенција која што веќе функционира како да сме во ЕУ. Во тој дел сме и добро усогласени, сме прилично напредни. Агенцијата е предмет на пофалби и во годишниот извештај на напредок на ЕУ“, рече Маричиќ.

На инфо сесијата на прашањето дали ЕУ планира повеќе средства за студентските и младинските размени и мобичност, беше речено дека финансиските средства на Еразмус+ програма растат од година в година, а до крајот на овој циклус до 2027 година тие ќе се зголемат со средствата кои за време ковид периодот не беа искористени.

Младите поставија прашање и кој сѐ може да биде корисник на можностите на Еразмус+ и беше кажано дека тоа се сите млади од од 15 до 29 години. Тие можат овие можности да ги користат директно преку повиците на Националната агенција или преку партнерските образовни или граѓански организации.

Заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања и секретар за меѓународна соработка во СДСМ Бојан Маричиќ на крајот од сесијата порача дека политичките лидери се должни на младите генерации да има ја обезбедат нивната европска иднина.

„Нивната иднина и нашата иднина е европска и од неа нема да се откажеме“, нагласи на крајот на инфо сесијата со младите Бојан Маричиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен