Нашите политики во областа на социјалната политика и младите се веќе европски и имаме направено повеќе од сите речиси држави во нашиот регион. Нашите политики се европски затоа што се борат за оние на кои навистина им треба помош, се борат за еднаквост на сите во општеството, се борат за повеќе можности за младите, се борат државата да биде еднаква и еднакво достапна за сите. Таа наша борба ќе продолжи таа наша борба нема да застане и заедно 2030 година ќе го развееме европското и македонското знаме во Европската Унија, порача вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на вечерашната трибина на тема: „Македонски труд – економска социјална политика“, која се одржа во Струмица.
Во своето обраќање кажа дека имал можност да разговара и со младите од Струмица, членови на младнскиот совет, посочувајќи дека младите сакаат, имаат надеж и бараат Северна Македонија што поското да биде членка на ЕУ, а вицепремиерот даде ветување дека ќе се борат за нивната иднина и дека во 2030 ќе бидеме во ЕУ.
– Разговаравме за тоа што планираат да прават, како и служат на заедницата, како и служат на Струмица, како прават активности со кои помагаат на другите млади, како се поврзуваат со младите од соседните држави и од цела Европа, ни кажаа многу сакаат да бидеме што поскоро во ЕУ и дека нема да застанат со своите активности за развој и поддршка на својата општина, на својата држава. А ние им ветивме дека се бориме за нив, ќе се бориме за нивната сегашност, ќе се бориме за нивната иднина, ќе се бориме да влеземе во Европската Унија до 2030 година и тоа ветување ќе го оствариме. Бидете сигурни дека во 2030 година ќе бидеме членка на ЕУ, рече Маричиќ.