Маричиќ: Во преговарачката рамка пишува “македонски јазик”, ниту модерен, ниту старовремен – тоа прашање е затворено

Нас не ни треба извештај во кој ќе се додаде „современ македонски јазик“. Било каква додавка, придавка, не треба да има. До јазикот и до идентитетот. Ние сме се избориле за тоа во преговарачката рамка, истакна Бојан Маричиќ, поранешен вицепремиер за европски прашања во „Само интервју“ на Канал 5.

„Не ни требаат експеримент кој ќе заврши на штета на Македонија. Се надевам дека нема да се усвојат оние амандмани кои ги предлагаат бугарските европратеници од сите групи и дека тоа ќе биде спречено и треба сите да се ангажираме да биде спречено“, нагласи Маричиќ.

Маричиќ посочува дека проблемите со Бугарија треба да ги сведеме на малцински прашања, односно прашања на регулирање на заедницата бугарска во Македонија, намести да влегуваме во дискусија за оние пресуди во Стразбур во Бугарија кои ги враќаат на маса идентитетските прашања.

Тој потенцираше дека во 7 годишен мандат на претходната влада не се дозволи да се дискутира за било какви придавки на македонскиот јазик.

Зачлени се на нашиот е-билтен