„Марш на ангелите“ во Кочани – семејствата на загинатите бараат солидарност

Попладнево во Кочани се одржува протестниот „Марш на ангелите“ на кој учествуваат родителите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во кобната ноќ меѓу 16-ти и 17 март.

Со фотографии од своите чеда и со солзи во очите родителите, браќата и сестрите на жртвите чекорат низ градот.

Со „Маршот на ангелите“ тие ја повикуваат јавноста на солидарност.

-Ова е наш начин да ја одбележиме болката, да побараме правда и да ги потсетиме институциите дека не смееме да дозволиме ваква трагедија да се повтори – се вели во најавата на мирниот протест.

Во големиот пожар во дискотеката Пулс во раните утрински часови на 16 март годинава загинаа 62 млади лица од Кочани, Штип, Виница, Пробиштип. Струмица, Облешево и Скопје. Околу 200 лица беа повредени.

Пред протестот родителите испратија соопштение во кое информираат дека одбиваат да се сретнат со премиерот Мицкоски на 13 мај, во вторник. А причината за одбивањето, според соопштението, е доцнењето на поканата и дека уште претходно побарале средбата да се одржи во Кочани зашто сметале дека тоа е разумно и оправдано , особено затоа што дел од родителите не се во можност да патуваат поради последиците од трагедијата“, наведуваат во писмото.

Зачлени се на нашиот е-билтен