Марш во Прилеп: Мртвите најгласно молчат

Вечерва во Прилеп повторно се одржа мирен солидарен марш за жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Младите со транспаренти маршираа изразувајќи солидарност и поддршка за жртвите и повредените од пожарот кој се случи минатата недела.

На транспарентните можеше да се прочита „Мртвите најгласно молчат“, „Со крвави раце парите ги броите“, како и стихови од песни меѓу кои и стихот на Архангел „Купен мир и тишина, пострашни од војна“.

Прилеп и синоќа покажа солидарност истакнувајќу заедништво, емпатија и гласно сведоштво дека не смее да има заборав.

Зачлени се на нашиот е-билтен